
Најталентираниот македонски голман од Рио Аве дојде во Гостивар
Василев денеска и официјално беше промовиран за нов фудбалер на гостиварци, кои по девет години пауза повторно ќе играат во домашната елита. Тој е вардарово дете, кој потоа замина во белградска Црвена Звезда, а оттаму прво на проба во Порто и потоа потпиша договор со Рио Аве.
Покрај Василев, Гостивар денеска го промовира и Амир Билали за свој нов фудбалер, а претходно во новиот прволигаш дојдоа и Фатјон Јусуфи од шампионот Струга, Михаил Маневски, екс-младинскиот репрезентативец, Анид Абази, Џелил Абдула, Зехрудин Мехмедовиќ, Мустафа Мујезиновиќ, Пепи Георгиев, а од ланскиот погон во ист ден нови договори потпишаа и 12 фудбалери.