
На ФИНСКА ѝ се заканува ЛЕДЕНА ЗИМА: Несреќа го прекина снабдувањето со гас, оштетена телекомуникациската мрежа – НАТО е подготвен да дејствува!
Подводна експлозија во Балтичкото Море оштети гасовод и подводен кабел.
Гасоводот „Балтички конектор“ меѓу Финска и Естонија е затворен – најверојатно поради саботажа. Последователно беше откриено дека е оштетен и подводниот кабел меѓу Естонија и Шведска, пишува германски „Дер Шпигел“. Наводно, во исто време кога бил оштетен гасоводот меѓу Естонија и Финска, оштетен е и подводниот телекомуникациски кабел меѓу Естонија и Шведска. Шведскиот министер за цивилна заштита Карл-Оскар Болин изјави дека властите во изминатите неколку дена добиле информации кои укажуваат дека кабелот е оштетен и дека не е јасно што ја предизвикало штетата.
Бидејќи телекомуникацискиот кабел е само „делумно оштетен“, тој се уште работи, објасни министерот. Според него, инцидентот се случил во истиот временски период како и можната саботажа на гасоводот „Балтик конектор“ меѓу Финска и Естонија. Според владините информации, дефект бил откриен и во телекомуникацискиот кабел меѓу двете земји.
Гасоводот „Балтички конектор“ во Балтичкото Море мораше да биде затворен пред повеќе од една недела поради пад на притисокот. Според официјалните информации, оштетувањето на гасоводот и телекомуникацискиот кабел е предизвикано од надворешни влијанија. „Се што можеме да кажеме е дека тоа е дело на надворешно влијание“ – изјави финскиот министер за животна средина Каи Миканен. Сепак, неговата земја ќе чека повеќе докази пред да донесе конечни заклучоци. Според инспекторите, тоа би можело да биде саботажа. Норвешкиот сеизмолошки институт дури забележал веројатна експлозија на 8 октомври точно во 01:20 часот. Експлозијата се случила во Балтичкото Море меѓу Финска и Естонија.
„Магнитудата се проценува на 1,0, што е многу помала од експлозијата „Северен поток“ откриена во септември 2022 година. Во тек е дополнителна анализа на податоците“, објави НОРСАР. Во случај да се докаже саботажа, НАТО најави „решителен одговор“ од воената алијанса. По инцидентот, десет северноевропски земји, вклучувајќи ги Финска, Шведска и Естонија, се согласија да го засилат надзорот на клучната инфраструктура.
Според операторот, поправката на гасоводот „Балтик Конектор“ ќе трае најмалку пет месеци. Гасоводот беше пуштен во употреба во 2019 година и беше единствената рута преку која Финска можеше да увезува гас бидејќи увозот на природен гас од Русија беше прекинат во мај 2022 година поради војната во Украина.