
Младинците на Македонија ЃП го победија Пелистер и го кренаа трофејот од Купот! (ВИДЕО)
Мрежите мируваа во првото полувреме, а самиот почеток на вториот дел го донесе првиот гол. Во 47. минута Македонија Ѓорче Петров поведе со 1-0, со гол на Алтин Алији.
Конечните 2-0 ги постави Никола Величковски со гол во 83. минута од натпреварот.