
Министрите за одбрана на НАТО се сретнаа околу Израел и Украина
Големите напади на Хамас во Израел и нивните последици се приоритет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Во разговорите ќе биде вклучен и нивниот израелски колега.
Истовремено, Европа се надева на јасен сигнал од САД дека кризата на Блискиот Исток нема да ја намали американската помош за Украина. Затоа денеска лично во Брисел пристигна украинскиот претседател Зеленски.
„Украинската храброст и вашата поддршка одредуваат што се случува на бојното поле“, им рече тој на министрите за одбрана на НАТО.
„Терористите како Путин или Хамас сакаат да ги држат во заложништво слободните и демократски нации. Тие сакаат моќ над оние кои бараат слобода. Терористите нема да се променат, тие само треба да изгубат. Тоа значи дека мораме да победиме“, додаде Зеленски.