
Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од минус, сега сме стабилизирани
Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните во Прилеп порача дека државата конечно излегува од кризата и дека сега може да се зборува за економски напредок.
„Не почнавме од нула, почнавме од минус“, рече Мицкоски, истакнувајќи дека ја разбира сè поголемата надеж и очекувања на граѓаните.
Тој додаде дека е потребна трпеливост, чесна работа и посветеност, уверувајќи дека „најдоброто допрва доаѓа“. Како показател за стабилноста, Мицкоски ја посочи и годината што поминала, како што рече, без ниту една афера поврзана со член на Владата.