
Мбапе и Асенсио го водат ПСЖ кон нова титула (ВИДЕО)
Најзаслужни за новиот триумф беа Килијан Мбапе и Марко Асенсио кои постигнаа по еден гол и си поделија по една асистенција. Мбапе можеше да биде и поефикасен, но на почетокот од натпреварот не искористи пенал.
Баква во 68. минута ја врати неизвесноста откако го намали водството на ПСЖ, но во финишот од мечот Стразбур, сепак, не успеа да дојде барем до бод.