Вандализиран споменикот на Гоце Делчев – Костадинов: Прости им Гоце, не се сите граѓани како овие…
Споменикот на Гоце Делчев, поставен на истоимениот плоштад во Струмица, е вандализиран од засега непознати лица и со авто лак врз него се испишани пораки.
Фотографијата од осквернатиот споменик се шири по социјалните мрежи, а се случува на два дена пред одбележувањето на 152 години од раѓање на Гоце Делчев, 4 февруари.
Се огласи и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој посочи дека да се биде Македонец е чест, привилегија и одговорност!
„Да се почитува Најголемиот наш Гоце е морална обврска врзана за нашето постоење. Со него сме се, без него ништо! Да се сквернави споменикот негов е благо кажано идиотизам. Најостро го осудувам ваквиот вандалски, грозен чин. Во контакт сме со СВР Струмица и очекуваме сторителите дека ќе бидат најдени. Екипите на Комуналец ќе го исчистат споменикот. Прости им Гоце, не се сите граѓани како овие…“, вели Костадинов.