
Леон и Стојче кобната ноќ не биле во дискотеката „Пулс“, но ги ставиле туѓите животи пред своите
Леон Стојанов и Стојче Трајанов иако не биле присутни во дискотеката „Пулс“ за време на трагичниот настан, тие веднаш по дознавањето за пожарот, без двоумење се упатиле кон објектот за да им помогнат на настраданите.
Шокот бил неизбежен кога меѓу жртвите и повредените ги препознале и своите пријатели.
Двајцата доаѓаат од селото Чифлик, во општина Чешиново-Облешево, и се вработени во АРМ.
Леон, оставајќи зад себе сопруга и двомесечно бебе, храбро се втурнал во спасувачката акција, свесен за опасноста што ја носи тоа. Стојче не се двоумел ниту секунда и постапил на ист начин.
Голема почит кон сите што учествуваа во спасувањето. Нека се опорават повредените, а Бог да ги благослови храбрите души.