Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Имаме сериозни недостатоци, ВРЕДИ функционира бавно во Владата!
Македонија

Таравари: Имаме сериозни недостатоци, ВРЕДИ функционира бавно во Владата!

31/03/2025

AA

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, во интервју за „360 степени“ истакна дека проблемите во Владата не се поврзани толку со премиерот Христијан Мицкоски, колку со самата коалиција.

Тој посочи дека неговите ставови не се само лично мислење, туку се потврдени преку анкети спроведени меѓу Албанците во земјава. Според него, ВЛЕН функционира бавно и е неопходна подобра координација.

„Имаме сериозни недостатоци. Проблемот не е во премиерот, туку во нас. Постојат очигледни несогласувања и коалицијата функционира премногу споро. Народот, а тоа е најзагрижувачки, перцепира дека ВЛЕН има слаба позиција во Владата. Според анкети спроведени кај Албанците, околу 70% сметаат дека коалицијата не работи како што треба и не ги претставува на задоволително ниво“, изјави министерот Арбен Таравари.

Таравари нагласи дека не се работи за квантитетот на албанските претставници во Владата, туку за нивниот квалитет.

„Ако гледаме бројки – министри, директори – претставеноста е солидна. Но, квалитативно, тоа не е на ниво и функционирањето не е како што треба. Ова не е само мое мислење, туку став на мнозинството Албанци,“ додаде тој.

Овие негови ставови доаѓаат во период на сè погласни шпекулации дека тој е на чекор до напуштање на ВЛЕН и приближување кон ДУИ. Првиот голем тест за коалицијата ќе бидат локалните избори, за кои ВЛЕН сè уште не може да се договори дали ќе настапи со заеднички листи.

Таравари потсети дека уште минатата година се зборувало за трансформација на ВЛЕН од коалиција во единствена партија, но сега вели дека било подобро да останат четири посебни партии до локалните избори.

„Се договоривме да функционираме како четири партии до локалните избори, а потоа да размислиме за обединување. Лично, тогаш укажав дека ако настапуваме одвоено, најдобро е и советничките листи да бидат посебни. Исклучително тешко е да се усогласат различни партии околу една листа – имавме такво искуство во 2021 година со Алтернатива“, вели Таравари.

Во однос на неодамнешната средба со косовскиот премиер Албин Курти, Таравари нагласи дека таа била пријателска и дека советите на Курти биле добронамерни. Тој негираше дека неговите политички потези се инспирирани од албанскиот премиер Еди Рама.

Осврнувајќи се на односот со премиерот Мицкоски, Таравари даде позитивна оцена, но ја критикуваше кадровската поставеност на ВЛЕН.

„Статусот на Албанците во Македонија не е лош. Односот на премиерот кон коалициските партнери е коректен – можеби најкоректен досега. Но, кога се спуштиме подолу – на ниво на директори, заменици – тука работите не функционираат како што треба. Се занимаваме со тривијални теми, наместо со суштински прашања,“ истакна тој.

На прашањето како ја гледа иднината на ВЛЕН, Таравари одговори:

„Се надевам дека ќе најдеме формула за заеднички настап на следните избори. Но, ако ме прашувате дали ВЛЕН ќе опстане како единствена партија по изборите – мислам дека тоа е речиси невозможна мисија. Ќе видиме што ќе покаже времето.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026
Македонија

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026
Македонија

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од

07/09/2026
Македонија

64 жаришта на сипаници кај овците, досега угинале околу 10.000

07/09/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство во едно деноноќие

07/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на македонско-косовската граница е ставен под контрола

07/09/2026
Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради музичкиот настап во

07/09/2026
Македонија

Груби со насмевка на судење: Поранешниот вицепремиер не се чувствува

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45523
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Метеоаларм за утре: Високи температури низ цела Македонија!

07/09/2026

Топлото време продолжува и во текот на утрешниот ден, а високите температури ќе ја зафатат целата територија на земјава. За

Пријавен 62-годишник од Свети Николе: Сомнение дека присвоил 82.180 денари

07/09/2026

Повеќе од 82 илјади денари, кои биле наплатени од граѓани за погребални услуги, според сомнежите на полицијата не биле уплатени

Скопје добива 3.300 нови контејнери, набавката е двојно поевтина од претходната

07/09/2026

Скопје ќе добие значително повеќе опрема за собирање отпад, откако е потпишан договорот за набавка на 3.300 нови контејнери. Станува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy