
Изборна комисија: Ердоган доби два милиони гласови повеќе од Киличдароглу
Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во Турција со освоени 52,14 отсто од гласовите, ги објави официјалните резултати претседателот на Високата изборна комисија, Ахмет Јенер.
Вчера Јенер изјави дека по 99,43 отсто отворени гласачки кутии, ривалот на Ердоган, опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освоил 47,86 отсто од гласовите, пренесе Ројтерс.
Џенер изјави дека Ердоган добил повеќе од два милиони гласови повеќе од Киличдароглу и дека непреброените гласови нема да го променат резултатот.