
Илон Маск почнува да ги тестира своите мозочни импланти на луѓе
Компанијата на Илон Маск, Neuralink, доби дозвола од американската Администрација за храна и лекови да започне клинички испитувања кои вклучуваат поставување на мозочни импланти кај луѓето, објави Ројтерс.
Најмалку четири пати од 2019 година, Маск предвиде дека неговата компанија наскоро ќе започне со човечки испитувања на мозочни импланти за да се обиде да лекува, на пример, парализа и слепило, пишува Ројтерс.
Сепак, компанијата, основана во 2016 година, побара дозвола за спроведување на вакви тестови за прв пат дури на почетокот на минатата година.
Но, тогаш Управата за храна и лекови одби да даде дозвола, изјавија извори запознаени со ова прашање во март.