
ГРАБЕЖИ, ПРИТИСОК, ТЕРОР, ЗАЛАШУВАЊЕ, УБИСТВО: Српските медиуми му направија листа на злодела на Курти оваа година
Српските медиуми му направија список на Курти за сите злодела што според нив им го направил Курти.
Србија данас, објави детална хронологија на настаните за оваа година.
„ За тоа колку српскиот народ е изложен на притисоци и напади говори и бројот на испукани и фрлени бомби, а тоа само во текот на оваа година. Од јануари годинава до сега има осум ситуации кои прераснале во пукотници и во многу од нив се ранети Срби или им е нанесена голема штета на имотот.
Хронолошки нарачани напади врз Србите на Косово и Метохија:
6 јануари – Албанец пукал во Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) во Готовуша додека носеле елка и им нанел прострелни рани.
23 јануари – Припадници на РОСУ пукале во автомобилот во кој се наоѓале Душан С. и Миљан Д., кој бил погоден со куршум кај мостот Бистрица.
26 јануари – Истрели во воздух од албанско возило во движење во мултиетничката населба Суви До.
3 февруари – Маж од албанска националност испукал неколку куршуми од автомобил во движење во Грачаница.
10 април – т.н Косовската полиција пукала во Милан Јовановиќ (39) од Звечан, во близина на дивиот пункт на мостот Бистрица и му нанела прострелни рани над клучната коска.
16 мај – Непознати лица пукале од автомобил кој се движел кон српското училиште во Угљар.
26 мај – Повеќе од 10 Срби беа повредени во напад на единиците на РОСУ и припадниците на т.н. на косовската полиција при насилен упад на северот на Косово.
29 мај – За време на немирите во Звечан, кога вооружените сили го нападнаа српскиот народ со голи раце, беа повредени 52 Срби. Тешко е ранет Драгиша Гаљак, кој бил погоден со два куршуми одзади, а Драгиша Миловиќ и Часлав Софронијевиќ се здобиле со тешки повреди.
5 август – Експлозивна направа е фрлена на имотот на пратеникот од Српската листа Зоран Максимовиќ од Ранилуг.
22 септември – Експлозивни направи беа фрлени врз куќите на претставници на Српската листа во Косовско Поморавље – во куќите на Срѓан Ристиќ и Зоран Ристиќ во Ранилуг и на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце.
24 септември – Во престрелка со таканаречената косовска полиција во Бањска, загинаа Иван М. и Бојан М. од Лепосавиќ, како и Стефан Н. од Звечан. Исто така, во размената на оган е ранет и Србинот В.Т., кој судот во Приштина му одредил притвор“, пишува медиумот.