
Формиран Фискалниот совет, Глигор Бишев е назначен за претседател
Министертсвото за финансии објави дека е формиран Фискалниот совет, односно независното тело кое ќе ги надгледува макроекономските и фискалните политики во земјава, како и тоа дека станува веднаш оперативен.
– Воспоставувањето на Фискалниот совет е со цел зајакнување на системот, а е дел од поширока реформа за здрави и одржливи буџетски и макроекономски политики, посочи денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој се сретна со членовите на Советот, по одржувањето на конституитивната седница седница.
За претседател на ова тело едногласно е избран за претседател професорот и поранешен генерален директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев.
Првиот состав на Фискалниот совет го сочинуваат: академик Абдулменаф Беџети, предложен од МАНУ, Марина Трпеска, редовна професорка на Економскиот факултет на УКИМ, предложена од Државниот завод за ревизија како и самиот Бишев по предлог на Народната банка.
Во оваа насока наскоро ќе се одржи и состанок на кој во фокусот ќе биде подготовката на Буџетот за 2024 година, што ќе биде прв предизвик за тројцата именувани членови.
„Фискалниот совет е дел од големата реформа во јавните финансии, каде независно тело ќе го надгледува спроведувањето на таргетите, оценува макроекономската поставеност и политиките кои се спроведуваат. Но, Фискалниот совет е важен сегмент од поставувањето на нов и подобар систем на јавните финансии, додека реформите предвидуваат и фискални правила, интегриран систем на јавни финансии, мерење на резултатите и голем број на други реформи кои ќе ја зацврстат структурата и ќе придонесат кон фискална одржливост.“, посочи Бесими.