
„ЕР ФРАНС-КЛМ“ ПРЕЗЕМА КОНКУРЕНТ ОД СКАНДИНАВИЈА: Ќе инвестира 144,5 милиони долари во авио компанија која е во длабоки долгови
Француско-холандската авиокомпанија Ер Франс-КЛМ презема
19,9 отсто од акциите во конкурентската скандинавска авиокомпанија SAS.
Извршниот директор на Ер Франс-КЛМ, Бен Смит, рече дека ова
е важен момент и за САС и за француско-холандската авиокомпанија, а
претседателот на САС, Карстен Дилинг рече дека купувањето претставува
„суштински чекор во процесот на трансформација“.
SAS има финансиски проблеми поради пандемијата и е оптоварен
со огромни долгови, а надлежните органи, вклучително и Европската комисија и
судовите во САД и Шведска, допрва треба да ја одобрат докапитализацијата.
Скандинавската авиокомпанија неодамна објави дека разгледува
неколку понуди од потенцијални инвеститори, а SAS треба да добие финансиска
инјекција од речиси 1,2 милијарди долари.
Ер Франс-КЛМ ќе инвестира 144,5 милиони долари во SAS. Меѓу
инвеститорите во SAS е и Владата на Данска, која има 26 отсто удел во
скандинавската авиокомпанија.
ФОТО: EPA-EFE/RAMON VAN FLYMEN