
ЕК увери: Увозот од Украина ги исполнува условите
Земјоделската стока увезена од Украина во Европската унија ги исполнува сите европски барања за квалитет и за нив не се даваат попусти, изјави портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека ЕК ќе му испрати на Киев оценка за планот на украинските власти за надминување на тешкотиите поврзани со извозот во ЕУ.
Украина предлага да се воведе режим на лиценцирање за извоз на земјоделски производи, за да нема нови тешкотии во петте претходно погодени земји – Бугарија, Романија, Полска, Унгарија и Словачка, објасни портпаролот. Според него, ЕК го следи пазарот и секој месец ги известува податоците до државите на Унијата.
Европските правила предвидуваат да се направат промени доколку е потребно, но генерално ЕУ ги отстрани тарифите за увоз од Украина за да и помогне на земјата нападната од Русија, рече портпаролот. Според него, предвидено е откако украинскиот план ќе биде одобрен од комисијата и од засегнатите земји, тој да се спроведе што е можно побрзо.
Портпаролот потврди дека Полска учествува во преговорите за новите украински мерки.
Во меѓувреме, спорот меѓу Киев и Варшава за украинскиот увоз на земјоделски производи се продлабочи со предупредувањето на полската страна дека повеќе нема да доставува воена помош за Киев, а украинската страна поднесе барање до Светската трговска организација против Полска, Унгарија и Словачка, кои воведе еднострани мерки против украинскиот увоз по завршувањето на европските рестрикции на 15 септември.