
Ќе биде ли разрешен Ангелов? – Џафери вели дека утре ќе разговара со него
Техничкиот премиер Талат Џафери денеска порача дека утре ќе разговара со директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов.
Ваквата изјава следува откако тој најави дека излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ поради неисполнетите барања за надоместок за десетица борци од конфликтот на 2001.
„Доколку јавно најавил дека не е зад владината програма, од формален аспект секако дека како премиер ќе започнам одредени постапки во однос на кадровското решение, ќе донесам и соодветна одлука. Секако дека тоа што се вели на телевизија не е за започнување на постапка, но јас утре директно ќе комуницирам со директорот. Така што како ќе биде, сметам дека ќе заврши со разрешување, нема друг начин, а за тоа дека сме во изборен период тоа треба да го реши друг орган“, изјави Џафери.