![„Изборите ќе бидат најголемата победа што некогаш ја извојувале Албанците во Македонија“, вели Ахмети](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/ali-ahmeti-850x560.webp)
„Изборите ќе бидат најголемата победа што некогаш ја извојувале Албанците во Македонија“, вели Ахмети
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека воопшто не се сомнева во голема победа на изборите.
Според него, таа ќе била најголемата што некогаш ја извојувале Албанците во Македонија.
„Воопшто не се сомневам во големата победа што Албанците од Македонија никогаш не ја извојувале, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независноста на оваа држава. Ова прашање трае повеќе од две години, тоа е смислувано со најголема смиреност, со најголема свесност и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен, до реализација на нашите цели, до зачленуваето во ЕУ”, рече Ахмети.