
Два месеци се трага по Миле Тодоров од Кавадарци
Сестрата на исчезнатиот Миле Тодоров на својот фејсбук профил објави нов пост во кој апелира ако некој има било каква информација за Миле да не се двоуми и да каже што знае.
„Од 30-ти јануари е исчезнат брат ми
Миле Тодоров (28), од тогаш нашето семејство живее во агонија. Апелираме доколку некој има било каква информација, да не се двоуми и да каже што знае.
Последната трага е забележан од камери, но и од очевидци, како пеш од Кавадарци се упатува кон Неготино, последен пат виден кај Марена, каде беше пронајден и неговиот мобилен телефон.
Миле е високо момче со спортска градба, со зелени очи и светло кафеава коса, последен пат забележан облечен во работничка облека сиви панталони , бело палто и црн елек“, вели сестрата на Миле во објавата.