Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација
Економија

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација

27/03/2025

AA

Понудата на биткоин на крипто берзите падна на само 7,53 отсто, што е најниско ниво во последните
осум години, покажуваат
податоците од аналитичката компанија Santiment објавени утринава. Овој пад
покажува дека повеќе инвеститори ги преместуваат своите токени во приватни
паричници, намалувајќи ја сумата достапна за брза продажба. Помалиот притисок
од продажбата обично се толкува како биковски сигнал, бидејќи покажува
зголемена доверба кај инвеститорите. Биковскиот
тренд (или
bullish trend)
означува состојба на пазарот каде што цените на акциите, криптовалутите или
другите финансиски инструменти се зголемуваат или се очекува да растат. Кога
малку инвеститори продаваат, тоа значи дека повеќето веруваат во понатамошен
раст на цените и ги задржуваат своите инвестиции, што создава позитивен сигнал
за пазарот.

Институционалната
побарувачка го поттикнува растот

Еден од клучните фактори што ја зголемува цената на
Биткоинот е побарувачката од големите инвеститори. Од 14 март, Bitcoin ETF
забележаа постојан прилив на капитал, што доведе до зголемување на цената на
Bitcoin за повеќе од 10 отсто.

Спротивно на тоа, од 10 февруари до 13 март, кога приливите
во ETF беа негативни или стагнираа, Биткоин падна за 17 отсто. Овој образец
јасно покажува колку институционалните инвеститори имаат поголемо влијание на
пазарот во споредба со малите трговци.

Дали се менува
пазарното однесување на Биткоин?

Според истражување објавено на 25 март на платформата OKX,
пазарот на Биткоин доживува трансформација. Традиционално, пад од 50 отсто
означувал мечкин пазар,
додека во претходните циклуси падовите достигнувале и 80 отсто.

Меѓутоа, како Биткоин созрева, наглите падови предизвикани
од паника стануваат поретки. Сега пад од 30 отсто веќе се смета за сигнал за мечкин пазар, (пазар на кој цените на акциите,
криптовалутите или другите финансиски инструменти се намалуваат, обично за 20
отсто или повеќе од последниот врв. Тоа е период во кој доминираат негативни
трендови, а инвеститорите имаат страв од понатамошни загуби), пренесува
порталот Криптонјуз.

Еден од раните показатели за промените беше односот на
краткорочната пазарна вредност на сопственикот и реализираната вредност (MVRV),
кој ја мери моменталната цена на Биткоинот во однос на просечната цена по која
краткорочните иматели го купија.

– Веќе на 25 февруари овој показател покажуваше надолен
сигнал, пред цената да падне посериозно.

– Сега е под движечкиот просек од 365 дена, што вообичаено
укажува на посилен продажен притисок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy