
Длабоко се каам што дадов поддршка за Арсовска, вели Ѓорѓиевски
Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода, кажа дека грешка е што дал поддршка за актуелната градоначалничка во Скопје, Данела Арсовска.
„Нема што да кријам, јас сум го кажал неколку пати, дека длабоко се каам што дадов поддршка за Данела Арсовска. Тогаш како партија сметавме дека тоа е најдобро, а сега изразувам каење. Направи хаос во градот. Но, не смее да се заборави дека и пред неа имаше еден неуспешен градоначалник. Да се случеше нешто поради одговорност на мојата општина која ја водам, ќе поднесам одговорност, но чистењето на градот е под ингеренции на Град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.