Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денес се празнува: Свети Сампсон Странопримец
Македонија

Денес се празнува: Свети Сампсон Странопримец

10/07/2023

AA

Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, советувајќи ги да ги извршуваат заповедите на христијанската вера. Потоа се пресели во Цариград, таму живееше во еден малечок дом од којшто растураше на сите страни, како сонцето зраците на светлината – милостиња, утеха, совети, надеж, лек и воопшто помош за беспомошните, и духовна и телесна. Патријархот чу за добродетелите на овој човек и го ракоположи за свештеник.

Во тоа време се разболе царот Јустинијан Велики и неговата болест, според уверувањето на сите лекари, беше неисцеллива. Тогаш царот Му се помоли на Бога со голема усрдност и Бог му откри во сон дека Сампсон ќе го исцели. Навистина, кога дозна царот за Сампсон, го повика на дворецот и само што старецот ја стави раката на болното место, царот оздраве. Па кога царот му нудеше големо богатство за ова, Сампсон се заблагодари, не сакајќи ништо да прими, а рече: „О цару, имав јас и злато и сребро и други имоти, но сè оставив заради Христа, за да ги стекнам вечните небесни богатства“.

Но, бидејќи царот настојуваше сепак да стори нешто за него, Свети Сампсон го замоли да му изгради дом за ништите. Во тој дом Сампсон им служеше на сиромасите како родител на своите деца. Милоста кон сиромасите и немоќните му беше како природна. Најпосле овој свет човек, сиот исполнет со небесна сила и добродетел, се упокои мирно на 27 јуни 530 година. Го погребаа во црквата на светиот маченик Мокиј, неговиот роднина. Откако се упокои, многупати им се јавуваше на оние што го повикуваа на помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy