
Динамо без Ристовски и Адеми со пораз се враќа од Косово! (ВИДЕО)
Во составот на Динамо ги немаше македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Балкани го искористи ослабениот состав на Динамо Загреб и дојде до победа. Головите ги постигнаа Криези во првото полувреме и Хамиди во вториот дел.
Бешикташ на свој терен загуби од Лугано со 3-2, Клуб Бриж обезбеди гостинска победа кај Бодо/Глимт од 1-0, Зорја со истиот резултат беше подобра од Бреидаблик.
Олимпија Љубљана дома загуби од Слован Братислава со 1-0, немаше голови на дуелот меѓу Клаксвик и Лил, Гент со 2-0 го совлада Макаби Тел Авив.