
ЦЕНИ НА ЈАЈЦА ВО ЕУ: Најмногу поскапеа во Чешка
Јајцата поскапеa во цела Eвропската Унија(ЕУ). Во Чешка има најголемо поскапување, од 46 отсто, а најголемо намалување на цената има во Холандија.
Во Словачка има поскапување од 29,8 проценти и во Унгарија од 26,1 проценти. Во Луксембург и во Грција има намалување, од 3,2 односно 2,0 проценти.
Цената на јајцата во ЕУ продолжува да се зголемува и во 2025 година, со ново поскапување од 6,7 проценти во март, споредено со истиот месец лани, објави денеска Европската статистичка служба – Евростат.
Во некои држави, велигденските трошоци се повисоки за десетици евра споредено со минатата година. Дел од синдикатите и потрошувачките организации во Чешка, Словачка и Унгарија веќе апелираат до владите за интервенција или контрола на цените на основните производи.
foto freepik.com