Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов оди во куќен притвор
Македонија

Поранешниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов оди во куќен притвор

17/04/2025

AA

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор. Истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, по барање на обвинителството за замена на притворот. Меѓу нив се и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето.

Во куќен притвор се и неговите претходници на функцијата градоначалник – Ратко Димитриевски и Николчо Илијев. На поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, му е продолжен притворот за нови 30 дена.

Другите поранешни министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се исто така во куќен притвор, додека за Дритон Кучи се изречени мерки на претпазливост. Во меѓувреме, судот во Кочани ги разгледува жалбите на 12 осомничени.

Јавното обвинителство денеска демантираше дека обвинител се повлекол од случајот.

„Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради притисоци или несогласувања со правната квалификација. Тимот постапува синхронизирано и без прекин ги презема сите потребни дејствија“, соопштија од Обвинителството.

Истрагата на кочанското обвинителство е проширена на 12 април за уште 19 лица, осомничени за тешки дела против општата сигурност. Вкупниот број осомничени досега изнесува 45 физички и три правни лица.

Во пожарот загинаа 61 лице, меѓу кои шест деца, а повредени беа 197, од кои 25 деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy