
Белгија нема да обезбеди борбени авиони на Украина
Белгија „засега нема да обезбеди борбени авиони Ф-16 на Украина“, изјави белгискиот министер за одбрана Лудивин Дедондер, цитиран од локалните медиуми. Таа прецизираше дека Киев не поднел експлицитно барање до белгиските власти за борбени авиони.
Засега ова прашање не е пред Белгија, додаде Дедондер. Според неа, иако белгиските Ф-16 се на крајот на работниот век, тие се уште активно се користат за заштита на воздушниот простор на Белгија, Холандија и Луксембург. Дедондер истакна дека до крајот на годината се очекува белгиска ескадрила Ф-16 да ја преземе заштитата на воздушниот простор на Литванија, која, како Летонија и Естонија, нема ловци.
Белгија нарача вкупно 34 борбени авиони Ф-35 во 2018 година за да го заменат застарениот Ф-16, но испораките од САД не се очекуваат до 2025 година, пренесе БТА. Неодамна, белгиската влада одобри воена помош за Киев од 92 милиони евра, која не предвидува испорака на тенкови.