
Асистент тренер во Реал У-17, избркан зашто пратил писмо до Барселона!
Адрија Дијаз беше тренер во Хувенил-Ц, тим до 17 години во рамки на Реал Мадрид, затоа што од кралскиот клуб нашле негово писмо, пратено до Барселона пред четири години.
Дијаз работел во Барселона од 2015 до 2019 година, исто така во младинските категории, па кога си заминал испратил писмо со цел да се заблагодари до каталонскиот клуб за целата поддршка која ја добивал, особено во тешкиот период во неговиот живот, кога ја загубил мајка си, која боледувала од рак.
Сепак, колку и да изгледа бездушно, на некои од сениорските структури во Реал не им се допаѓало тоа, па го отпуштиле, иако бил вработен сега, во јули, со едногодишен договор. Дури и по цена да му биде исплатена целата сума за едногодишни плати, сепак раководството не се поколебало, само да го нема.
„Атлетик“ исконтактирал лица од раководството на Реал, а тие негирале дека ќе биде избркан, туку рекле си оди по своја желба, бидејќи веднаш по оваа, му се отворила работа во Леганес, па ќе ја прифати.