
Јакимовски: Ова не е од истражни органи, туку од македонски кодоши впуштени во нелесни игри и цело време кажуваат кој треба да се најде на црна листа!
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и претседателски кандидат на ГРОМ, Стевчо Јакимовски денеска поднесе кривична пријава до ОЈО-ГОКК во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.
Тој бара да се спроведе истрага затоа што има граѓани на земјава, за кои смета дека се одговорни за целата операција за нивно директно вмешување во изборната трка.
„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и најцисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до ЈО оддел за органиизран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, вели Јакимовски,
Јакимовски вели дека има македонски кодоши кои што се впуштени во нелесни игри и кои цело време суфлираат кој треба да се најде на црна листа без при тоа да има истраги и докази.
„Јас сум длабоко убеден дека ова не е од истражни органи, дека ова не е од претставници на Амбасадата и официјалната американска политика туку е од македонски кодоши“, додаде Јакимовски.