
АХВ – PRIME HYDRATION DRINK Е ВЕРЗИЈА БЕЗ КОФЕИН: „Немаме нотификација за небезбеден пијалок на македонскиот пазар
Агенцијата за храна и
ветеринарство соопшти дека нема
добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна
и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран
небезбеден безалкохолен пијалак.
-Во регистарот за збогатена храна на Агенцијата
за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION
DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет. Кај нас е
одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци за
хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино
киселини, со различни вкусови.
За овие производи постои Мислење од
Фармацевтски факултет дека истите можат да се употребуваат како збогатена
храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на
означувањето на овие производи. Апелираме до потрошувачите доколку на пазарот
најдат производ од овој бренд кој не е регистриран /одобрен од Агенцијата, тоа
да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22
или електронски на info@fva.gov.mk., наведува АХВ во соопштението.
Инаку, денеска Словенија го забрани енергетскиот пијалок Prime, бидејќи содржела забранета
состојка Л-теанин и големо количество кофеин.
Prime е исклучително популарен меѓу тинејџерите низ светот, особено поради тоа што овој пијалок го промовираат јутјуберите Логан Пол и КСИ.