
-10 утрово низ Македонија, во текот на денот облачно, ветровито и студено време
ЕВРОПА – Во сабота над североисточна Европа ќе се наоѓа центар на широко поле на низок воздушен притисок кој што во крајните северни и североисточни предели ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од снег кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Во останатите предели доминација на поле на висок воздушен притисок кој што ќе условува претежно сончево време со појава на локална облачност и релативно студено време.
БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во сабота ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 30 км/ч. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат од -2 до 6 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во недела ледено утро со појава на умерен мраз и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -11 до -4 степени. Во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облчаност и дневна температура до -1 односно до 7 степени. Во понеделник и вторник умерено облачно време со сончеви период и потопло време. Во попладневните часови во понеделник во северните и западните предели со врнежи од дожд, а над 800 метри со слаби врнежи од снег, додека пак во вторник врнежите од дожд во попладневните часови се очекуваат насекаде во Македонија, а над 1000 метри со слаби врнежи од снег. Минималните температури од -9 до -2 односно од -6 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од -2 до 6 односно од 0 до 8 степени. Во среда во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. Минималните температури од -7 до 0 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 8 степени.