Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Елмас заработува милиони, ама летно време „продава“ сладолед во Автокоманда (ФОТО)
Спорт

Елмас заработува милиони, ама летно време „продава“ сладолед во Автокоманда (ФОТО)

06/07/2024

AA

Додека најголем дел од најдобрите европски фудбалери беа или се уште се дел од Европското првенство (ЕП) во Германија, нашиот најдобарфудбалер, Елиф Елмас, без разлика што Македонија не учествува на овој собир има работни обврски, но малку поинакви од останатите негови колеги.

Ова на своите читатели им го презентира германски „Билд“, кој направи специјална репортажа за македонскиот фудбалер и за неговите „обврски“ поврзано со бизнисот по кој неговото семејство е познато во Скопје. Весникот открива дека Елмис деновиве ги минува помагајќи му на својот татко во семејната слаткарница „Мандарина“, која се наоѓа во скопската населба Автокоманда.

„Уживам кога сум во татковината, макар и на кус период. Тука се опуштам и ја разбиструвам главата. Голем удел во сето ова има фактот што деновите ги минувам помагајќи му на мојот татко во слаткарницата. Таму не мислам на ништо друго и навистина уживам во времето поминато со него“, вели Елмас.

Според германскиот медиум, Елмас тајните на слаткарскиот занает ги научил многу пред да ја почне својата професионална кариера, која се вивна откако челниците на Фенербахче лично дојдоа во Скопје да го убедат да се пресели во Истанбул во 2017 година. Потоа се пресели во Наполи, а оттаму лано направи трансфер во Лајпциг и тоа за сума од 24 милиони евра. Тој открива дека и покрај обврските во слаткарницата, не пропушта секој ден да истренира напорно.

„Секој ден вежбам, постојано давам се од себе за да можам сто отстотно да бидам подготвен за стартот на подготовките на Лајпциг“, дополни македонскиот репрезентативец.

Обврските на Елмас во „Мандарина“, за жал на купувачите кои уживаа во дружењето со големата фудбалска ѕвезда, ќе завршат утре, со оглед што веќе в понеделник треба да се врати во Германија со оглед што почнува со тренинзи. Негова цел е да го искористи фактот што најголем дел од соиграчите во средниот ред имаат обврски на ЕП па подоцна ќе почнат со тренинзи, што ќе биде негова шанса за наметнување на стручниот штаб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44950
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy