
Елмас и Наполи доминираат на „Сан Сиро, ама прв поведе – Милан (ВИДЕО)
Стрелец на водечкиот погодок на „росонерите“ беше Бенасер во 40. минута, што беше своевидна казна за сите промашувања на тимот во кој игра и нашиот Елиф Елмас.
Наполитанците можеа да поведат уште во првата минута, но шутот на Кварацхелија беше блокиран на самата гол-линија. Во последните секунди од првиот дел, Симон Кјаер можеше да постигне уште еден гол, но неговиот шут заврши во пречката.

