Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Предлозите на опозицијата се нереални, носат нова блокада и полоши почетни позиции
Македонија

Маричиќ: Предлозите на опозицијата се нереални, носат нова блокада и полоши почетни позиции

12/04/2023

AA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во неговото гостување во „Студио 10“, на ТВ 24, рече дека предлозите на опозицијата немаат никаква врска со реалноста и дека не е можно да одиме понатаму во процесот со ЕУ без уставните измени.

– Жал ми е што се лаже јавноста, со таквите тврдења, коишто можат да подгреат некакви лажни надежи. Ние се залажуваме со нивните тези 11 години, дека можеме да одиме на патот кон НАТО и ЕУ без да го решиме спорот со Грција и тоа не се случи никогаш. Нема да се случи ни сега. И не е коректно кон граѓаните да се изнесуваат такви теории, затоа што и самите знаат дека се невозможни, рече Маричиќ.


Вицепремиерот изјави дека има контакти со ВМРО-ДПМНЕ и дека му е жал што нема поместување во нивните позиции и уште еднаш испрати покана да земат учество во процесот на уставни измени и во преговорите со ЕУ.

– Јас сум убеден дека има проевропски ориентирани луѓе и во ВМРО-ДПМНЕ и меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што го сфаќаат сето ова. Ние можеме да се расправаме на многу други прашања и се расправаме. Но, мислам дека за ова граѓаните заслужуваат да преземеме одговорност заедно, да ги завршиме овие обврски, да ги продолжиме преговорите а во преговорите ќе има место за сите. Ние им подаваме рака на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да учествуваат и да земат заслуги од процесот, бидејќи на долг рок тоа ќе се покаже како исправно, укажа Маричиќ.


Тој потенцираше дека мора да се напишат предлог амандмани и да продолжат со работа на тој предлог, па уште еднаш да видат дали е или не е прифатлив, што може да се додаде. Вицепремиерот праша дали му е потребно на ВМРО – ДПМНЕ за да гласа Бугарите да влезат во Уставот сите други да се нарекуваат малцинства, бидејќи како што вели Маричиќ „тоа е суштината на нивниот предлог“.

– Зошто да не треба на оние кои сега ги нарекуваме етнички заедници или делови од народи да се додадат само три во низа и да го зачуваме нашиот македонски модел? Мислам дека тоа прашање уште повеќе ги засега оние припадници на етничките заедници коишто не се мнозинство и кои се во Уставот бидејќи тоа е мислам дури и навредливо и за нив и за македонското општество да се отвора ова прашање на ваков начин.


За работната група за уставни измени рече дека е кредибилна група на експерти на луѓе кои сакаат да помогнат во овој процес, укажувајќи дека не се прават измени кои бараат некои преголеми дискусии и преголеми интервенции.

– Ние одиме на минимални потребни интервенции само онолку колку е потребно за да ги исполниме обврските од преговарачката рамка. За нас овие уставни измени се битни за нашето брзо членство во ЕУ, изјави Маричиќ.

На прашањето дали треба сега да се направат уставните измени вицепремиерот Маричиќ рече дека многу време е веќе изгубено и дека одолговлекувањето нема да направи проблемите нема исчезнат, напротив стануваат потешки за решавање. Маричиќ порача дека „немаме генерации за губење“ и дека „треба да ни биде приоритет да ниеден млад човек веќе да не извади бугарски или каков било пасош, со цел за да живее во ЕУ“.

– Во 2008-ма година или пак 1993-та сме имале услови да го решиме спорот за името под многу едноставни услови. Со додавка на главниот град во заграда или со име коешто ќе се користи само за меѓународна употреба, не сме го сториле тоа. Денес имаме променет Устав со ново допрецизирано уставно име со географска одредница, Република Северна Македонија, кое го користиме и дома и надвор. Тоа е резултат на тоа што не сме го препознале моментот во 90-ти или во 2008 дека тогаш треба да го решиме спорот и сме верувале дека сме во право како што сме и сега во право дека ако чекаме ќе добиеме подобра позиција, објасни Маричиќ.

Маричиќ гарантира дека нема да задира во македонскиот идентитет и дека никој не е подготвен овде да оди на штета на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет, самоопределувањето.

Тоа е нашата црвена линија од којашто не сме ни отстапиле до сега. Мислам дека со завршувањето на овие уставни промени ќе ни отвори патот да навлеземе во прашањата коишто навистина ќе нè направат држава членка на ЕУ на крајот на оваа декада и таа трансформација нема да биде лесна. Тогаш ќе се јават разни општествени структури на коишто нема да им одговара брзо да влеземе во ЕУ и да ги загубат позициите монополски кои ги имаат денес, рече Маричиќ во „Студио 10“.

За односите со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски рече дека се коректни и дека добро функционираат и покрај изјавите на Пендаровски кои не во целост се согласуваат со она што го прави или зборува Владата и како што вели Маричиќ „тоа е во едно демократско општество нормално“, но секогаш за клучните стратешки прашања биле на иста страна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45783
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy