
Елмас и Лајпциг добија екстремно тешки ривали во новиот формат на ЛШ!
Бундеслигашот ќе ги одмери силите против Ливерпул, Јувентус, Спортинг Лисабон и Астон Вила на домашен терен, односно Интер, Атлетико Мадрид, Селтик и Штурм кај противниците.
Од оваа сезона нема посебни групи туку сите 36 екипи ќе прават една табела од која на крајот осумте првопласирани ќе се пласираат директно во осминафиналето, додека тие од 9. до 16. место ќе играат прелиминарна фаза од која победниците ќе им се приклучат на најдобрите.