
Елиминацијата од Индијана му пресуди, Њујорк му дава отказ на Тибоду!
Њујорк целеа кон големото НБА финале, па поразот од Индијана од која беа подобри во регуларниот дел, ги разочара.
Раководството се реши за тренерска смена и од должноста го разрешува Том Тибоду.
Тибоду го предводеше Њујорк до првото конференциско финале по 25 години, од пет години четири играше плејоф со тимот и ја водеше екипата до две последователни сезони со над 50 победи првпат по 90тите.
И покрај сите овие бројки, раководството на клубот смета дека можат и треба повеќе.