Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АУКЦИИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЌЕ СЕ СКРАТАТ ДРАСТИЧНО – се менува Законот, еве што друго се бара
Економија

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АУКЦИИ ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЌЕ СЕ СКРАТАТ ДРАСТИЧНО – се менува Законот, еве што друго се бара

18/12/2024

AA

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. 

Како што се наведува во причините за носење на изменитe и дополнувањата, во законот се вршат одредени интервенции со цел постигање на чекорите планирани со Реформската агенда во рамки на Планот за раст за Земјите од Западен Балкан.

Како дел од Реформската агенда се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии, меѓу кои и реформата – Зајакнување на системот на јавните набавки. Во рамки на оваа реформска заложба се предвидени чекори кои се однесуваат на намалување на користењето електронски аукции и зголемување на користењето на е-Пазарот, и тоа: користењето електронски аукции во постапките за јавни набавки во фискалната 2025 година, да се намали до најмногу 40 отсто од бројот на објавените постапки, со рок за реализација декември 2025 година и Електронскиот пазар за набавки од мала вредност да се користи за доделување на најмалку 800 постапки (договори за јавни набавки), со рок за реализација декември 2026 година.

Во делот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, се предвидува зајакнување на капацитетот со дополнителни два члена. Условите за избор и именување во основа нe се менуваат, освен што се дополнуваат основите за разрешување во случај на членување во органи на политичка партија на претседателот или членот на комисијата, како и поради незаконско или нестручно вршење на должноста, со што се сака да се зајакне одговорноста, независноста и интегритетот на членовите и претседателот при вршење на нивната должност. 

За законот, кој се носи во редовна постапка, деновиве има повеќе реакции. 

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации смета дека треба сериозно да се размисли за повлекување на измените на Законот за јавни набавки и да се спроведе широка јавна расправа која треба да донесе поквалитетна контрола на јавните набавки.

– Предложените измени во кои се намалува контролата на јавните набавки сметам дека е контрадикторно на она на што сведочиме сега, а тоа е доказ дека една од најпогодените области од корупција во нашата земја се токму јавните набавки. Оттука сметам дека треба сериозно да се размисли околу предложените измени, да не речам во најголем дел и да се повлечат и да се отвори една широка јавна расправа во однос на тоа доколку треба да се подобрува контролата во јавните набавки како тоа да се направи квалитетно, а не да се оди кон нејзино укинување што апсолутно не е на линија на засилување на борбата против корупцијата во јавните набавки – вели Факиќ.

За тоа што може да се направи околу намалување на концентрацијата на мал број на фирми коишто ги добиваат тендерите, мерка која е побарана и од Светска банка во најновиот извештај, Факиќ смета дека се потребни системски мерки и поголема комуникација на институциите со бизнис секторот. 

Претходно реагираше и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата која укажува дека предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки се сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета. 

Претходно пратениците кои се предлагачи на Законот имаа средба со претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, со која е договорено комисијата да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците.

Опозицијата реагираше дека измените се носат по скратена постапка, но за нив исто така е спорно и укинувањето на управната контрола на Бирото за јавни набавки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy