Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР – блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“
Економија

НЕШТО СЕ „РАЗМРДУВА“ КАЈ ПРИЛЕПСКИОТ БИЗНИС БИСЕР – блок трансакција со акциите на „Прилепска пиварница“

18/12/2024

AA

По подолг период, вчера се случи блок трансакција со акциите на Прилепска пиварница, една од поуспешните македонски компании.

На однапред познат купувач му беа продадени 146 акции по цена од 36 илјади дернари за акција, или вкупната вредност на зделката беше околу 86 илјади евра. 

Стаува збор за многу мала количина акции од оваа компанија, но ситуацијата изгледа како нешто да се размрдува, со оглед што зголемено инвестирање има и на редовниот берзански пазар.

Односно, и во текот на завчерашниот ден имало тргување со акциите на Прилепска пиварница, кога се истргувале 77 акции, по цена исто од 36.000 денари. 

Ако се погледне графиконот, ќе се види дека на редовниот пазар претходно многу поретко се случувале трансакции со акциите на Прилепска пиварница, но од почертокот на декември тие посериозно зачестиле. 

На 27 ноември се достигнала и највисоката цена, односно пикот на вредноста на акциите на Прилепска пиварница, која тогаш изнесувала 38 илјади денари, по што оди малку надолу, и се стабилизира на 36 ичлјади денари.

Спопред последната состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, односно во понеделникот оваа недела, во Прилепска пиварница доминантни акционери се братот и сестрата Сашко и Панде Самарџиоски, кои поседуваат еднакви делови, односно пакети од по 36,32 отсто од акциите, или заедно 72,64 проценти од акциите. 

Фондот Сава задфолжителен пензиски фонд има 9,79 отсто од акциите. 

Додека, пак, уште 105 домашни физички лица, односно помали акционери, располагаат со вкупно 5,65 отсто од акциите.

Акции имаат и 14 домашни компании, и нивниот процент е околу 6,30 отсто од акциите, а 16 сгтрански фирми имаат околу два отсто од акциите.  

Дали во најновите трансакции купуваат доминантните акционери или некој од помалите, евентуално ќе се види во понеделник, кога ЦДХВ ги ревидира сопственичките структури во компаниите, па доколку оние со над 5 отсто го зголемат или намалат својот процент, тоа се гледа на веб страницата на депозитарот. 

Прилепска пиварница е еднса од попрофитабилните македонски компании. 

За првите девет месеци од годинава нејзината добивка изнесуваше 2,75 милиони евра, што е сепак намалување за 18 отсто во однос на истиот период од претхопдната година. 

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy