
ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Изнесува 211.4 отсто и е највисока за 32 години
Аргентина се соочува со екстремно висока инфлација. Годишната инфлација во државата изнесува 211,4 отсто и е највисока во последните 32 години.
Месечната инфлација во земјата беше 25,5 отсто во декември лани, повеќе од двојно во споредба со 12,8 отсто во ноември, но малку под 30 отсто што владата предвиде дека ќе биде.
Власта најави болни мерки насочени кон спречување на хиперинфлацијата и предупреди дека тие првично ќе имаат „негативно влијание врз нивото на активност, вработеноста, реалните плати и бројот на сиромашни луѓе во земјата“. Се смета дека денес околу 40 отсто од населението на Аргентина живее во сиромаштија. Државата претходно се соочувала со банкроти. Аргентина неодамна одби дефинитивно да се приклучи на БРИКС.
foto freepik.com/pranavkr
