
„ЕКСПЛОЗИЈА“ НА БРОЈОТ НА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО СРБИЈА: За година дена 12.000 плус
Кинези, Руси, Турци, Индијци, Кубанци, Македонци, Украинци, Непалци, Босанци и Црногорци работат во Србија.
Според бројките кои ги објавија српските медиуми, над 10.000 Кинези, повеќе од 8.000 Руси, повеќе од 5.600 Турци, скоро 3.000 Индијци, 703 Кубанци и скоро 500 Македонци работат во Србија.
Минатата година во Србија работеле 500 Македонци, од кои 174 се жени, а другите се мажи. Ова го пишува српски Блиц бизнис, повикувајќи се на Националната служба за вработување во таа држава. Со тоа Македоците се на шесто место според бројот на странски работници кај нашиот северен сосед, откако првото и второто место ги зазедоа Кинези и Руси, додека Украинците се после нас, на шестата позиција.
foto Milan Pilipovic
