Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Експерти на ОН го осудуваат израелското колективно казнување на Палестинците во Газа
Македонија

Експерти на ОН го осудуваат израелското колективно казнување на Палестинците во Газа

12/10/2023

AA

Група независни експерти на Обединетите нации го осудија насилството врз цивилите во Израел и дека одмаздата против Газа се претвори во „колективна казна“. Осудувајќи ги „грозоморните злосторства извршени од Хамас“, групата рече дека Израел прибегнал кон „недискриминирачки воени напади против веќе исцрпениот палестински народ во Газа“.

„Тие живеат под нелегална блокада веќе 16 години и веќе поминаа низ пет големи брутални војни, за кои никој не одговараше“, се вели во соопштението на групата, во која има неколку специјални известувачи на ОН.

„Ова е еднакво на колективна казна. Нема оправдување за насилството кое е неселективно насочено кон невините цивили, без разлика дали тоа го прават Хамас или израелските сили. Тоа е апсолутно забрането според меѓународното право и претставува воено злосторство“, се додава во соопштението.

Групата рече дека земањето заложници во контекст на воените дејствија, исто така, претставува воено злосторство. „Цивилите земени од Хамас мора веднаш да бидат ослободени“, велат експертите.

Бројот на загинати во Израел од саботата се искачи на повеќе од 1.300. Повеќето беа цивили застрелани од Хамас во нивните домови, на улиците или на забава.

Десетици израелски и странски заложници беа однесени во Газа. Израел соопшти дека нема да има хуманитарен прекин во опсадата на Појасот Газа додека не се ослободат сите заложници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОБРАНИЕТО ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА 2 АВГУСТ: Делегации во Крушево,

31/07/2026
Македонија

Премиерот Мицкоски не оди на одмор, ќе оди на екскурзија

31/07/2026
Македонија

Мицкоски за вратениот пасош на Маркоски: Има груба манипулација од

31/07/2026
Македонија

Стабилизација во Гостивар

31/07/2026
Македонија

Потврдени 13 случаи на Западнонилска треска во Македонија – тројца

31/07/2026
Македонија

Шведска ги олеснува процедурите за нови рудници, Македонија останува без

31/07/2026
Македонија

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

31/07/2026
Македонија

Температурите до 40 степени носат ризик: АХВ со важни препораки

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44777
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy