Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКСМИНИСТЕРОТ САРАЌИНИ ИЗДАЛ ДОЗВОЛА ЗА КАБАРЕ НА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“, А „ПУЛС“ СЕ НАОЃА НА ДРУГА АДРЕСА Одбраната праша за што е обвинет поранешниот министер за екомонија
Македонија

ЕКСМИНИСТЕРОТ САРАЌИНИ ИЗДАЛ ДОЗВОЛА ЗА КАБАРЕ НА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“, А „ПУЛС“ СЕ НАОЃА НА ДРУГА АДРЕСА Одбраната праша за што е обвинет поранешниот министер за екомонија

10/12/2025

AA

Правно, фактички и логички неиздржано е обвинението против поранешниот министер за економија Ваљон Сараќини во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, истакна денеска неговиот бранител Даниел Георгиевски во воведниот збор во судницата на Кривичниот суд во Иризово.

За нас како одбрана постои само едно едноставно прашање, а тоа е: за што е обвинет поранешниот министер кога во 2012 година воопшто не била издадена лиценца за објектот каде 13 години подоцна се случи пожарот, рече тој.

– Во 2012 година во Министерството за економија врз основа на барање е издадена лиценца за угостителска дејност кабаре кое се наоѓа на улицата Димитар Влахов бб во Кочани, која е сосема различна од адресата на дискотеката „Пулс“ која е на улица Крижевска во Кочани. Тоа ќе се презентира и во вештачењето. Се работи за две сосема различни локации и за различни правни лица – рече адвокатот Георгиевски.

Фрапира креативниот пристап на Јавното обвинителство во воведниот говор, скроен за задоволувњае на јавноста, при што се избегнати клучни факти, посочи адвокатот.

– Дали со ваквото обвинение ЈО сака нова неправда и нови жртви, а на товар на оние кои ги изгубија најмилите? Јавното обвинителство во својот воведен говор ја избегна вистината, дека министерот за економија во 2012 година не издал лиценца за објектот за кој зборуваме. Ова е клучна околност. Различна адреса, различен објект, различен субјект во таа постапка, беа целосно премолчени во воедниот говор на ЈО. Тоа покажува дека обвинението не почива на вистина, туку на конструкција –  рече Георгиевски.

Адвокатот смета дека Обвинителството ја игнорира законската рамка и надлежностите на министерот за економија и се обидува да му утврди одговорност само со општа формулација, а никаде во описот нема одговор кои се аргументите за кривичното дело.

– Обвинителството сака да претстави дека министерот за економија во 2012 издал лиценца, имал умисла и предизвикал општа опасност во соизвршителство со сите други обвинтети. ЈО има две фундаментални невистини – дека издадените лиценци од 2012 и во 2024 година се за исти објекти, а не е така, и второ, дека министерот во 2012 имал надлежност да е постапи поинаку, а не е така. Надлежноста на министерот е сведена на формална постапка регулирана со Законот за угостителска дејност. Како е можно тогашниот министер, кој издава лиценца со рок на важност од една година да гарантира и да одговара за друг објект 13 години подоцна, во време кога објектот воопшто нема активна лиценца? Од оваа апусрдност може да се извлечат многу паралели, но сериозноста на случајот не ми дозволува да го направам тоа – рече бранителот Георгиевски.

Судот нека извлече заклучок, додаде тој.

Тој истакна и дека Сараќини првично воопшто не го потпишал туку го одбил првото барање за лиценца откако побарал мислење од Државниот пазарен инспекторт дали објектот ги исполнува условите.

Лиценците согласно закон имаат важност од една година, а лиценцата од 2012 година не значи дозвола на „Класик М“ да обавува дејност на друга локација, да биде дискотека наместо кабаре, да прима прекумерен број на луѓе и малолетни деца пред или после полноќ и во истата да се внесуваат и користат пиротехнички средства на недозволен начин, додаде адвокатот.

– Како може да прекршите одредба од закон која воопшто и не постои во закон. За каква каузалност зборуваме овде, за каузалност за лиценца која има рок од само една година важност, за каузалност за објект што неколку пати е реновиран и реконструиран. За каузалност кога во времето на случување на трагедијата објектот воопшто нема активна и важечка лиценца и за каузалност која не го опфаќа периодот од 2014 до 2017 година, а важечки е истиот закон кој го регулира ова прашање – изјави Георгиевски.

Тој додаде и дека издавањето лиценца е предмет на нови постапки и процедура која се повторува независно секоја година. Како тоа рече, дозволата издадена во 2012 година одамна престанала да важи и секоја нова лиценца била предмет на нова постапка.

Втората адвокатка на ексминистерот, Татијана Поповски Буловски рече дека одбраната ќе докаже дека Сараќини нема вина за трагичниот настан и дека ќе дадат свој придонес за правда и да се идентификуваат вистинските сторители.

– Издавачот на лиценца, во овој случај Министерството за економија, не испитува исполнетост на материјални услови за добивање лиценца, туку испитува постоење на формални услови, односно дали е поднесена бараната документација. Оттука тврдењата дека документацијата во конкретниот случај во 2012 година не била потполна не е точна. Документацијата била потполна, но дали била вистината, на тоа прашање треба да се произнесат барателот „Класик ДМ“ и неговите одговорни лица и инспекторите од ДПИ кои вршеле проверки по тие пријави за исполнетост, а не Министерството за економија, уште помалку министерот – рече Поповски Буловски.

Поранешниот министер Ваљон Сараќини рече дека нема што друго да додаде по излагањето на неговите бранители.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy