
ЕКСКЛУЗИВО: Лидерска средба најверојатно во среда
Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски ќе седнат на заедничка маса во среда, дознава 4NEWS.mk од владини извори.
Ковачевски како теми ги предложи одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи, а Мицкоски ги прифати, но исто така смета дека треба да се разговара и за тоа што после неуспех на уставните измени. На пример предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ исто така смета дека доколку уставните измени се неуспешни треба да се оди на есенски избори.
Портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски истакна дека на лидерската средба ќе стане јасно дали Мицкоски е дел од европскиот блок или од антиевропскиот со Левица.
На лидерската средба доколку ја има, ќе стане јасно дали Ковачевски е полтрон на ДУИ или не, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.
