Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија
Македонија

ЕФН го осудува недоличното однесување на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

08/02/2023

AA

Во изминатите денови, државни функционери во Северна Македонија во неколку наврати вербално малтретираа новинари и медиуми. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучи на својата партнерска организација во Северна Македонија – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во осудата на несоодветното однесување на јавните личности и потсетувањето на моралните обврски што ги носи јавната функција.

Од 16 јануари, Премиерот, неколку министри и претседател на политичка партија употребија понижувачки јазик против неколку новинари кои си ја вршеа работата поставувајќи прашања, на истакнати јавни личности во Северна Македонија.


Поточно, на 16 јануари, Премиерот Ковачевски рече: „Верувам дека господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на факти и за објаснување ќе треба да го прашате него. Бидејќи и за медиумите и јас имам мое лично мислење, јас можам да дадам мое лично мислење како некои медиуми се однесуваат. Што се однесува до мене можам да кажам дека во државата има медиуми чија што уредувачка политика личи на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација”. Изјавата на премиерот се однесуваше на изјавата на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој јавно ги оквалификува ТВ Телма и ТВ Алфа како „непријателски“ медиуми.

На 6 февруари, министерот за здравство Беким Сали одржа „лекција за новинарство“ на прес-конференција, која што за новинарите кои беа присутни во тетовската клиничка болница требаше да се сфати како „позитивна критика“.


На 2 февруари, министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција коментираше дека новинар поставил прашање во име на други новинари, наместо да одговори на ова конкретно прашање поврзано со поскапувањето на природниот гас.

Претходно, советник за образовна политика во Министерството за образование и наука понижи новинар за време на прес-конференција велејќи дека новинарот поставувал „тенденциозни прашања за да го извади министерот од контекст“.


Според ЗНМ, овие примери веќе не се изолирани инциденти: „Изминативе денови ЗНМ предупредуваше на овој негативен тренд на зголемување на непрофесионалниот однос на јавните функционери кон новинарите. Потсетуваме дека државните функционери се во служба на јавноста и дека не треба да имаат несоодветен и навредлив однос кон новинарите и следствено на тоа, кон пошироката јавност до која треба да се пренесуваат информациите. Овде веќе не станува збор за изолирани инциденти“, изјави Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.

Генералниот секретар на ЕФН, Рикардо Гутиерез, додаде: „Јавното повикување на имиња и несоодветното однесување на јавните службеници кон новинарите станува се почеста појава. Со нашите локални партнери ја следиме состојбата на овој негативен тренд. Новинарите и медиумските работници треба да работат во средина каде што не се чувствуваат загрозени и каде што службениците ќе се однесуваат кон нив со почит и разбирање, како што налага работата. Службениците мора да ја оправдаат својата улога и да даваат пример кога комуницираат со новинарите, наместо да создаваат сомнеж или да ги дискредитираат“.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Томовски: На 20 јуни завршува обновата на старата Комерцијална банка,

26/05/2026
Македонија

Томовски: Зградата на МРТВ не е кречена 50 години, по

26/05/2026
Македонија

Томовски: Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба, изработуваме проекти

26/05/2026
Македонија

Томовски: Државниот возен парк е срамен, купуваме електрични возила за

26/05/2026
Македонија

Томовски: Владин авион не е луксуз туку потреба, граѓаните мора

26/05/2026
Македонија

Томовски: Службените возила со „црвени таблички“ лесно се препознаваат, граѓаните

26/05/2026
Македонија

Пленковиќ и Мицкоски добија признанија за придонес во регионалната бизнис

26/05/2026
Македонија

Важна промена на патарините: Од 15 јуни лентите за MTAG

26/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43473
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Томовски: На 20 јуни завршува обновата на старата Комерцијална банка, ги ставаме институциите на „европски

26/05/2026

Реконструкцијата на објектот на поранешна Комерцијална банка, која се развлече речиси две години поради лошо затекнати проекти, влегува во својата

Томовски: Зградата на МРТВ не е кречена 50 години, по лифтовите го средуваме покривот и

26/05/2026

Состојбата со работните простории во зградата на Македонската радио-телевизија (МРТВ) е алармантна и нехумана, откако објектот со децении бил оставен

Томовски: Сиљановска Давкова веќе не живее во дивоградба, изработуваме проекти за спас на резиденциите во

26/05/2026

Горчливиот проблем со државните вили и резиденции конечно добива правна разрешница, откако Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) успеа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy