Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април
Македонија

EES-системот се воведува без одложување, целосна примена од 10 април

04/02/2026

AA

Од 10 април 2026 година, патниците од земји надвор од Европската Унија кои ќе поминуваат низ надворешните граници на 29 европски земји ќе се соочат со нова гранична процедура. Наместо досегашното рачно печатирање на пасоши, ќе се воведе EES-системот – целосно дигитален систем за евиденција на влез и излез со биометриски податоци. Целта е поефикасно да се открива пречекорување на дозволениот престој и да се намалат злоупотребите со идентитет и документи.

EES е автоматизиран систем кој при секое преминување на граница ќе ги регистрира податоците од патната исправа, отпечатоците од прсти, фотографијата на лицето, како и датумот и местото на влез или излез. Системот ги бележи и случаите на одбиен влез, со што се создава проверлива трага на движењето на патниците во рамките на правилата за краток престој.

Највидливата промена за граѓаните од Северна Македонија и другите земји надвор од ЕУ ќе биде првиот контакт со новите гранични процедури. Наместо печат, ќе следува регистрација во системот, која на одредени премини ќе се врши преку самопослужни терминали или на шалтер, во зависност од инфраструктурата. Првото внесување на податоци може да трае подолго, особено во периоди на зголемен сообраќај, додека следните преминувања ќе бидат побрзи, откако системот веќе ја има евиденцијата.

Европската комисија истакнува дека за EES не се аплицира однапред, туку регистрацијата се врши на самата граница. Како олеснување, патниците можат доброволно да се предрегистрираат преку мобилната апликација „Travel to Europe“ до 72 часа пред влез или излез, но конечната проверка останува на граничните служби.

Важно е да се нагласи дека EES се разликува од ETIAS. EES е систем за евиденција на преминувања и престој, додека ETIAS ќе биде посебен режим за патна авторизација, кој ќе стартува подоцна. Главната промена за пролетта 2026 година е токму целосната примена на EES и новата рутина на граничните премини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46901
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy