
ЕДНОГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНАЛО ВО СОН ВО ГРАДИНКА: Страшна трагедија во Белград
Шестнаестмесечно
детенце почина денеска во градинка во Белград. Детето најверојатно починало во
сон, потврдено е за Телеграф.рс.
Како што дознава
Телеграф.рс на лице место, граѓаните околу 13.30 часот ги виделе полицијата и
итната помош во градинката.
Во градинката се
присутни голем број родители, но засега никој официјално не ја потврдил
информацијата за смртта на детето.
Полициската
истрага е во тек.
За случајот е
известено и Вишото јавно обвинителство, а според неофицијални информации телото
на детето ќе биде испратено на обдукција, за да се утврдат точните причини за
смртта.