Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, и номинација на личности кои ќе го чуваат демократскиот процес од злоупотребите на власта
Македонија

Мицкоски: Ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, и номинација на личности кои ќе го чуваат демократскиот процес од злоупотребите на власта

19/12/2023

AA

При денешната посета на општина Свети Николе, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали да учествува ВМРО-ДПМНЕ во техничка влада истакна дека во рамки на партијата ќе се одржат состаноци за учество во техничката влада а негов предлог ќе биде да номинираат личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во периодот кој што следи ќе се обидува да создава проблеми и да ја украде волјата на граѓаните.

„Па да периодов кој што следи ќе имаме состаноци во рамките на партијата извршниот и централниот комитет, тој е мој став ќе видиме сега како понатаму како ќе се развива тоа, каков ќе биде ставот на ИК и ЦК, ценам дека е потребно учеството на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада откако претходно понудивме да се интервенира законски да се избрише овој имплант кој што според нас, а и според многу уставни експерти, е спротивен на устав, но ете од страна на владата тоа беше одбиено и тие рекоа дека еве од следните избори- рече Мицкоски.

Мицкоски најави дека укинувањето на техничката влада ќе се направи после изборите.

Во имe на тоа како ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам законски измени во рамките на Парламентот да еве од 01.01.2025 или 2026 година овој имплант биде избришан од законот и веќе следните парламентарни избори да се случат без овој имплант техничка влада но веќе кога е законска обврска мојот предлог ќе биде да номинираме личности кои ќе имаат основна задача да го чуваат демократскиот процес бидејќи власта во изминатиот период, но и во периодот кој што следи ќе се обидува по три основи да создава проблеми. Првиот е немилосрдно да ги троши буџетските средства, на тој начин да идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има потешкотии во работењето и да се соочи со неликвидност на државниот буџет и безмислосно ќе ги трошат буџетските средства. Второ, насилно ќе се однесуваат и ќе ја опструираат работата на ДИК. Јасно дефинираната опозиција, во условно кажано албанскиот блок гледаме дека не може на пристоен начин да номинира член во рамките на ДИК. И морам да признам ако продолжат вака да се однесуваат, се уште се консултирам со соработниците, но мислам дека нема што ни ВМРО-ДПМНЕ да бара во работата на ДИК.  Тогаш нека си спроведат избори ДУИ, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Спасовски, па да видиме како ќе личат тие избори. Затоа што од самиот почеток гледаме дека некој се обидува да имаме нелегитимен и нелегален изборен процес. Нека си спроведат избори Артан Груби, Османи, Али Ахмети, Зечевиќ, Маричиќ и останатите ние нема што да правиме. Трето, она што слушаме е дека СДСМ насекаде на оние состаноци со малкумина се уште се останати симпатизери и поддржувачи на политиките на Зечевиќ, Маричиќ и Ковачевски главната порака е дека имаме многу пари ќе потрошиме многу пари ние сме свесни дека ќе загубиме, но на тој начин со поткуп и со девијантно однесување ќе ја намалиме победата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му отежниме на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да може понатаму да работи.

Мицкоски порача дека се  лажат ако мислат дека на тој начин ќе направат нешто, и увери дека секој оној кој што ќе се дрзне да прави нерегуларности поткуп и ќе ги слуша насоките на Зечевиќ, Маричиќ, Ковачевски, Ахмети, Груби, Османи, ќе биде фатен и ќе биде процесуиран пред истражните органи и пред судско обвинителскиот систем кој ќе биде ослободен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy