Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Едно лице загина синоќа во Куманово додела гаснело пожар
Македонија

Едно лице загина синоќа во Куманово додела гаснело пожар

07/02/2024

AA

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од ТППЕ Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на с. Псача.

Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.
Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради гушење од чад.

Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата.

Според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи, ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, се уште има во државата, така што и во последното деноноќие имало над десетина регистрирани, по пријава, за запалена трева, нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Од десетината „зимски“ пожари на отворено во последното деноноќие се уште три се водат како активни: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на планината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип). Состојбата се следи од надлежните ангажирани тимови.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.986 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,15%, а 58,85% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,49%, кон Итната медицинска помош 28,70%, кон пожарникарите 7,72%, а кон АМСМ 0,93% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,16% со другите 58,85% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.416 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил

23/04/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА

23/04/2026
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА

23/04/2026
Македонија

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ

23/04/2026
Македонија

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НА КРИВО НАСАДЕН Успеа да се скара и со

22/04/2026
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил 700.000 евра

23/04/2026

Уапсен Мухамед Мети Сејдини, екс претседател на ФФМ. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА КОЈ ДА ГИ СЛУШНЕ Гледа

23/04/2026

Судењето за пожарoт во дискотеката „Пулс“ во Кочани влегува во фаза во која не само стручната јавност, туку и сите

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка

23/04/2026

Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води, денес сме токму во таков момент, порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy