Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Единаесет лица под истрага за корупција поврзана со работата на дискотеката „Пулс“
Македонија

Единаесет лица под истрага за корупција поврзана со работата на дискотеката „Пулс“

20/11/2025

AA

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.

За тројца од нив донесена е Наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во  клубот. Тие се осомничени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице – син на реалниот сопственик на “Пулс” е осомничен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик. За првите двајца обвинителството до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор, додека за третиот на сила се мерки на претпазливост во првиот предмет поврзан со пожарот во “Пулс”, па се бара проширување на тие мерки со забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените.

Шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти “ММММ кафе” и “Пулс” да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.За нив се предложени мерки на претпазливост.

Сопственикот на “Пулс” кој веќе е во притвор во другиот предмет е осомничен за Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, бидејќи подолг временски период свесно и со умисла за време на контроли од Управата за јавни приходи приложувал преправени фискални апарати со контролни фискални извештаи со невистинити податоци, кои истиот ги употребувал како вистински, а се со цел и намера избегнување на парични глоби и затворање на објектот.

Осомничена е и инспекторка од Државниот пазарен инспекторат која исто така е опфатена со претходната постапка во која и се определени мерки на претпазливост и за која сега се обезбедени дополнителни докази и за кривично дело Оддавање службена тајна од член 360 од Кривичниот законик поради откривање информации за ненајавени контроли.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
Македонија

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026
Македонија

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за

03/03/2026
Македонија

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема

03/03/2026
Македонија

МНР со план за евакуација на македонските државјани од повеќе

03/03/2026
Македонија

Сопругот на починатата Ивана во изминатите две години добил десет

03/03/2026
Македонија

59-годишна жена почина по удар од возило во Злетово

03/03/2026
Македонија

🎥 БИЛО ПРИЈАВЕНО НАСИЛСТВО, ПОЛИЦИЈА ДОШЛА, НО ЖЕНАТА НЕГИРАЛА Министерот

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42177
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026

Трагедијата што вчера го потресе Скопје отвори сериозни прашања за институционалното постапување во случаи на семејно насилство. Министерот за внатрешни

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на својата официјална посета на Скопје и средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова,

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за возење на нерегистрирано возило и

03/03/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy