Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии
Регион

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

05/10/2024

AA

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги мобилизира
своите ресурси и отвори телефонски број за донации, за да им се помогне на настраданите во поплавите кои
ја погодија Босна и Херцеговина. Секој граѓанин може да донира 100 денари со
еден повик на бројот 143-400, достапен за корисниците на Македонски Телеком и
А1. Оваа акција е само дел од напорите за ублажување на страдањата предизвикани
од катастрофалните поплави што однесоа човечки животи и предизвикаа огромни
материјални штети.

Дополнително, за настраданите во поплавите може да се донира
и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:
300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака:
помош за настрадано население од поплавите во БиХ.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH
MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со
загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20
домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици
за своето здравје и безбедност. Црвениот крст на Босна и Херцеговина ги
активира сите свои ресурси за помош, но поради големината на катастрофата,
дополнителната поддршка е повеќе од неопходна.

Црвениот крст на Северна Македонија веднаш стапи во контакт
со своите колеги од Босна и Херцеговина и веќе издвоил 10.000 евра од своите
резерви како прва финансиска поддршка за погоденото население. Дополнително,
понудена е помош во материјални и технички ресурси, како и човечки кадар за
справување со последиците од поплавите.

фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е МЕЃУ НАЈУБАВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛ, РЕКЛАМИРАЈТЕ

25/09/2026
Македонија

УНИШТЕНИ 202 ЛИТРИ, ОДНОСНО КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ Контролирани 560

25/09/2026
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45794
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го признал делото

25/09/2026

68-годишен жител на радовишко Калаузлија е приведен под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото. А.А. бил лишен од

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ ПОВАЖЕН Ќе нѐ поврзе со

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин посочи дека тој е значаен

25/09/2026

Поврзаноста можеби не звучи толку политички како другите теми што ги дискутираме, но во нашиот регион таа е практичен тест

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy