
Еден гол на Вердер за три бода од Келн (ВИДЕО)
Клучниот момент се случи во 70. минута кога Њунмах постигна гол за водство на Вердер од 1-0, што на крај се покажа и како конечен резултат.
Келн кој води грчевита битка за опстанок, не успеа да го искористи домашниот терен, за да собере барем бод против солидниот тим на Вердер.
