Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЕДЕН ДЕН СИТЕ ЌЕ ЗАМИНЕМЕ ОД ОВОЈ СВЕТ“: Мицкоски појасни колку е сигурно дека нема да има зголемување на платите на функционерите
Економија

„ЕДЕН ДЕН СИТЕ ЌЕ ЗАМИНЕМЕ ОД ОВОЈ СВЕТ“: Мицкоски појасни колку е сигурно дека нема да има зголемување на платите на функционерите

29/10/2024

AA

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска за медиумите изјави дека функционерските плати нема да се зголемат и дека тоа е сигурно како што е сигурно дека еден ден сите ќе заминеме на оној свет. Како што посочи, тоа најверојатно ќе се направи преку корекција на коефициентите на платите.

– Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите – кажа премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.

Беше предвидено платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат согласно растот на годишната просечната плата, која е основица за пресметување и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и спикерот, до околу 130 евра за најниските.

Тоа што во февруари годинава со измена на шест закони беа намалени коефициентите на сложеност со кои се множи основицата при пресметката на платите помогна само да не им пораснат примањата во оваа 2024 година, за да не им растат и во 2025 година Владата би требало на Собранието да му предложи повторно да ги намали коефициентите за пресметка или да го исполни ветувањето за носење на нов системски закон за платите во јавниот сектор, но засега е неизвесно што ќе се случи.

Избраните и именувани функционери од април минатата година земаат плати повисоки за 78 отсто, што предизвика незадоволство и протести кај разни групи работници и кај пензионерите. Работниците бараа и нивните плати да пораснат за онолку за колку што пораснале функционерските, но тоа не се случи. Вработените во јавниот сектор лани добија за 10 отсто повисоки плати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО

23/10/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за

23/10/2026
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО КОСКИ ОД МИНАТОТО Премиерот

23/10/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОЈ НУДЕЛ „КУБАНСКИ ВАКЦИНИ“ ПРОТИВ РАК Обвинителството

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46343
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец

23/10/2026

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за сите градови во Македонија

23/10/2026

Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди и дневни температури до 22 Целзиусови степени. Според прогнозата на Управата

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО Честитка од Мицкоски за 23

23/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски го честиташе Денот на македонската револуционерна борба со видеопорака насловена „Небото свети Македонија“, во која со дронови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy